ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ МСИП
ИДЕНТИФИКАЦИСКИ БРОЈ HA ПРОЕКТ Р096481(ИБРД 7699МК и ИБРД 8158MK)
ОГЛАС ЗА РАБОТЕН АНГАЖМАН НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ МСИП
MSIP-CS-IC-021(022)-18
Владата на Република Македонија доби заеми од Меѓународната банка за обнова и
развој Светска банка за
имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги. Проектот има за цел да ги подобри перформансите на
урбаните економии и квалитетот на управувањето на општинско ниво преку обезбедување на финансиска и советодавна
поддршка на повеќе селектирани општини во делот на општинското планирање и управување и
обезбедување на поквалитетни
комунални и општински услуги.
Со цел успешна имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги, Министерството за финансии има
потреба од ангажирање на индивидуален локален консултанти за следната позиција:
1. Локален експерт за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотации за
општините
2. Меѓународен експерт за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотации
за општините.
-------------------------------------------------
1. Локален експерт за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотации за
општините
Целта на овој ангажман е да се редефинира начинот и критериумите за распределба на наменските и блок дотациите врз
основа на направена детална анализа на состојбите со распределбата на дотациите и во согласност со проекциите произлезени од
утврдениот најподобен нов модел за финансирање на пренесените надлежности на општините во Република Македонија.
Основни надлежности на локалниот експерт за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок
дотации за општините се:
Извештај за анализа на законската рамка (закони и подзаконски акти) изработени според релевантни методологии (PEST,
SWOT, итн) за критериумите и финансирањето на пренесените надлежности на единиците на локалната самоуправа (образование,
социјална заштита, култура и противпожарна заштита) со посебен осврт на постојната состојба и
проблемите во финансирањето
на пренесените надлежности;
Извештај со компаративна анализа (изработени според релевантни методологии PEST, SWOT, итн) на состојбите и
одржливоста на системот на финансирање на единиците за локална самоуправа во Република Македонија споредено со Велика
Британија, Данска и Словенија како и 2 други земји чиишто уредувања на оваа тема се апликативни со Република Македонија;
Финален извештај со предлог на 3 модели со краткорочни и долгорочни проекции и симулации за финансирање на
надлежностите на општините и градот Скопје со изготвени Акциски план и предлогуредби за финансирање на надлежностите
на општините и градот Скопје кои ги усвојува Владата на Република Македонија.
Потребни квалификации за локалниот експерт за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за
наменските и блок дотации за општините се:
Универзитетско образование (магистратура или докторат) од областа на економија и финансии или друга соодветна област;
Минимум 15 години работно искуство, од кои најмалку 5 години во областа на процесите на фискална децентрализација,
општинско буџетирање, принципи и практики на финансирање на локалните самоуправи;
Минимум 5 публикации кои се поврзани со системот на финансирање на локалната самоуправа;
Одлично познавање на системот за финансирање на локалната самоуправа во Република Македонија и
добро разбирање на
прописите на ЕУ во врска со општинското финансиско управување;
Добри комуникациски вештини и одлични вештини за пишување на извештаи со добро познавање на англискиот јазик;
Многу добри компјутерски вештини (Word, Excel, Access, MS Project).
2. Меѓународен експерт за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотации
за општините.
Целта на овој ангажман е да се редефинира начинот и критериумите за распределба на наменските и блок дотациите врз
основа на направена детална анализа на состојбите со распределбата на дотациите и во согласност со проекциите произлезени од
утврдениот најподобен нов модел за финансирање на пренесените надлежности на општините во Република Македонија.
Основни надлежности на локалниот експерт за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок
дотации за општините се:
Почетен извештај со методологија за релевантни анализи(РЕЅТ, SWOT, итн) за критериумите и финансирањето на
делегираните надлежности на единиците на локалната самоуправа со посебен осврт на актуелните проблеми и состојби во
Македонија;
Извештај со компаративна анализа (според релевантна методологија како PEST, SWOT, итн) на состојбите и одржливоста на
системот за финансирање на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија во споредба со Велика Британија,
Данска и Словенија, како и 2 други земји чиишто уредувања на оваа тема се апликативни во Република Македонија;
Финален извештај со предлог на 3 модели со краткорочни и долгорочни проекции и симулации за финансирање на
надлежностите на општините и градот Скопје со изготвени Акциски план и предлогуредби за финансирање на надлежностите
на општините и градот Скопје кои ги усвојува Владата на Република Македонија.
Потребни квалификации за локалниот експерт за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за
наменските и блок дотации за општините се:
Универзитетско образование (магистратура или докторат) од областа на економија и финансии или друга соодветна област;
Најмалку 15 години искуство од областа на локалните самоуправи, од кои 10 години искуство во областа на процесите на
фискална децентрализација, општинско буџетирање, принципи на финансирање и практики на локалните самоуправи;
Минимум 5 публикации поврзани со политиките и препораките како и студии за одредени земји кои се поврзани со системот
за финансирање на локалната самоуправа во најмалку 5
земји во светот;
Добро познавање на политиките за фискална децентрализација на владите во земјите на ЕУ и одлично разбирање на
регулативите на ЕУ во врска со општинското финансиско управување;
Одлични вештини за пишување на извештаи со добро познавање на англискиот јазик;
Добри комуникациски вештини;
Многу добри компјутерски вештини (Word, Excel, Access, MS Project)
Лицата за наведените позиции на консултанти ќе бидат избрани во согласност со изданието
"Насоки: Селекција и
вработување на коисултанти од страна на заемопримачи на Светската банка" објавено од страна на Светската банка во
јануари 2011 година, ревидирано во јули 2014 година.
Заинтересираните консултанти кои ги исполнуваат условите можат да добијат повеќе информации на долунаведената адреса
во текот на работното време од 08:30 до 16:30 часот, секој работен ден од понеделник до петок. Условите за ангажирање (ToR)
заинтересираните консултанти може да ги пронајдат на следната електронска страница:
http://www.finance.gov.mk/mk/node/1056.
Заинтересираните консултанти се покануваат да ги достават своите работни биографии на англиски јазик по електронски
пат во форма на word документ, pdf формат, или во писмена форма, која покрај се треба да содржи преглед кој j a потврдува нивната
квалификуваност за исполнување на наведените квалификации. (во апликацијата задолжително треба да се наведе позицијата
точно како што е наведено погоре како и идентификацискиот број на проектот Изразениот интерес, со работната биографија
и сите други релевантни документи во прилог, треба да бидат доставени на долунаведената адреса не подоцна од 4 мај 2018
година, до 16:30 часот на следнава адреса.