„Амазон“ се офајди од пожарот во Нотр Дам

„Амазон“ се офајди од пожарот во Нотр Дам

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Светскиот гигант за продажба преку интернет - „Амазон“ соопшти дека по пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам се зголемила продажбата на романот на францускиот писател Виктор Иго - „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ во оригинална верзија на француски јазик.

Од „Амазон“ истакнаа дека се зголемила и англиската верзија на романот од 1831 година.

Приказната на францускиот писател за ѕвонарот Квазимодо тогаш помогнала во реновирањето на црквата.

Нотр Дам е средновековна катедрала во готски стил, една од најпознатите во Западна Европа. Таа е запишана во списокот на светско наследство на УНЕСКО и секоја година ја посетуваат речиси 14 милиони туристи и католички верници.