Нов чувар на домот: надзорна камера која „пука“ во провалниците

Нов чувар на домот: надзорна камера која „пука“ во провалниците

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Словенечкиот стартап „ОЗ-ИТ“ од Анкаран, основан од Среќко Думаниќ, наскоро почнува кампања за групно финансирање на „Кикстартер“ за својата камера за надзор наречена „Пејнткем“.

Новата камера е опремена со вештачка интелигенција која ѝ овозможува автоматски да препознава лица и да донесува одлуки за дејства против несакани посетители на вашиот имот дење и ноќе - во затворен или надворешен простор.

Откако ќе открие провалник или непознато лице, камерата ја означува целта и потоа може да ја нападне со топчиња со боја или со солзавец со ултрависока прецизност, како што можете да видите на следното видео.

Пред да пука или да пушти солзавец, камерата му дава гласовно предупредување на непознатиот посетител, кој има пет секунди да го напушти имотот доколку не сака камерата да го нападне и да вклучи аларм и соодветно да го извести сопственикот на неговиот паметен телефон.

Оваа камера е дизајнирана така што незлонамерните ненајавени посетители како вашите пријатели, роднини, поштарот и слично, ќе имаат време да избегаат.

Покрај „борбата“ со осомничените луѓе, камерата може да се програмира да ги препознава вашите миленици, што значи дека може да пука во мачка или куче од соседите што влегуваат во оградениот двор, автоматски снимајќи и складирајќи сѐ што ќе забележи во видеомеморијата, која можете да ја прегледувате подоцна.

Кампањата за збирно финансирање на „Кикстартер“ започнува на 23 април, кога ќе се дознаат повеќе технички детали и цената на овој нов чувар на домот.

Извор: vidi.hr

Фото: Freepik