Вселенското летало на НАСА успеа да направи прекрасна снимка од вулкани што еруптираат во далечниот свет

Вселенското летало на НАСА успеа да направи прекрасна снимка од вулкани што еруптираат во далечниот свет

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Постојат вулкани кои еруптираат стотици милиони километри подалеку од Земјата. А вселенското летало на НАСА го гледа сето тоа.

Сондата „Џуно“ на НАСА, која орбитира околу Јупитер уште од 2016 година, минатата недела успеа да сними свет преполн со вулкани на месечината Ио, што можете да го видите на снимката подолу.

- Гледаме неверојатна количина на детали на површината - изјави планетарниот научник Ешли Дејвис.

Овие импресивни глетки се обработуваат и од професионални и од аматерски процесори на слики, од кои некои работат за НАСА или сродни програми за вселенско истражување. Потемните точки се вулкани и жаришта.

Ио е покриен со еруптирачки вулкани бидејќи е немилосрдно заклучен во „војна“ помеѓу блиските објекти, вклучувајќи го и колосалниот Јупитер.

 
Извор: Mashable.com
Фото: ASA / JPL / SwRI / MSSS / Gerald Eichstädt / Thomas Thomopoulos / CC BY 3.0 Unported