Оглас за вработување во Фискален совет на Република Северна Македонија

Оглас за вработување во Фискален совет на Република Северна Македонија

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 221/24), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 242/24), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 241/2026
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Фискален совет на Република Северна Македонија за следните работни места
1. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за анализа и истражување, Сектор за стручна поддршка на Фискалниот совет(1) извршител(и)


Општи услови

- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Посебни услови

- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки (економија и бизнис, Други општествени науки - Организациони науки и управување (менаџмент)
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор


Општи работни компетенции

- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување


Посебни работни компетенции

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)


Распоред на работно време

- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 08:00 до 16:00
- Опис за работното време

Паричен нето износ на плата: 42.088,00 Денари

АПЛИЦИРАЈТЕ!