Кинескиот ровер ги собра првите примероци од под кората на Месечината

Кинескиот ровер ги собра првите примероци од под кората на Месечината

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кинескиот ровер што неодамна слета на далечната страна од Месечината штотуку ги испита првите примероци од прекривката на Земјиниот сателит.

Се верува дека примероците биле исфрлени од потповршината поради влијание од метеорит, кое било толку силно што ја пробило кората на Месечината, стои во истражување објавено во списанието „Нејчр“. Со понатамошно проучување овие потповршински карпи би можеле да откријат како се формирала Месечината.

Во најраните денови Месечината се состоела од голем океан од магма. Во текот на тој период научниците се сомневаат дека тешки метали, како железо и магнезиум, кои доминирале во новите примероци потонале надолу, додека полесните компоненти испливале нагоре и на крајот ја формирале кората на Месечината.

- Ова е првата вистина добиена од директни набљудувања за тоа од што е направена внатрешноста на Месечината. Би рекол дека она што е навистина важно е тоа што тоа е различно од Земјата - вели научникот Бриони Хорган од американскиот универзитет „Пердју“, кој не учествувал во истражувањето.

Проучувањето на површината на Месечината може да им даде на научниците нови увиди во тоа како се формира големо вселенско тело кога прекривката не е во интеракција со вода, како на Земјата, а тоа може да ни помогне да сфатиме како се оформиле и другите небесни тела.