Во ова училиште повеќе нема учење во понеделниците

Во ова училиште повеќе нема учење во понеделниците

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите ученици сонуваат за пократка училишна недела. Оваа желба им се оствари на илјадници ученици од училишниот округ „27Ј“ во Колорадо. Ова е еден од 560-те окрузи што одлучија да го намалат времетраењето на училишните недели од пет на четири дена.

Округот во Колорадо се надева дека ќе заштеди околу еден милион долари, без да мора да плаќа наставници на замена, а со тоа што училишните автобуси ќе возат еден ден помалку во неделата, заштедата ќе биде околу 700.000 долари. Од училиштето сметаат дека заштедата ќе се зголемува со текот на времето бидејќи администраторите ќе најдат нови начини за подобрување на ефикасноста. Освен тоа, ќе има и други бенефиции, бидејќи наставниците ќе имаат повеќе време да ги реорганизираат, подготват и развијат своите лекции.

автобус

Официјалните лица од округот велат дека ова ќе биде драстична промена за учениците, семејствата и заедниците, но од округот не може да се очекува да направи повеќе со помалку финансиски средства. Планирано е округот да нуди грижа за децата во понеделник за 30 долари од дете дневно. Но, луѓето се грижат за фактот дека учениците од таквите семејства имаат тенденција да се потпрат на државните училишта за повеќе од половина од оброците неделно. Затоа, окружната администрација треба да размисли и за други опции, пред да може да се донесе одлука за скратена недела, како што се отпуштања на персоналот, зголемување на класовите, намалување на финансирањето или намалување на специфични програми.

За да се обезбеди ист квалитет на учење и курсеви, преостанатите училишни денови треба да се продолжат еден час или подолго. Сепак, повеќето од училиштата се убедени дека учениците ќе добијат повисок квалитет на настава по овие промени.

Како што вели директорот на училишниот округ, тие се посветени на тоа да ги обезбедат своите ученици со потребните вештини и компетенции. Учениците ќе учат од висококвалитетни, посветени наставници кои за учење ќе користат алатки од 21 век, четири дена во неделата, наместо да ги немаат тие привилегии пет дена во неделата.