Амбициозниот план на Јужна Кореја за спас на населението

Амбициозниот план на Јужна Кореја за спас на населението

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол го поставува демографскиот пад на нацијата како највисок политички приоритет, со надеж дека ќе го смени трендот што го загрозува долгорочното здравје на четвртата по големина азиска економија.

На состанокот со неговите високи секретари, Јун најави дека ќе се посвети исклучиво на овој проблем. Потезите се дел од засилените напори на Сеул да го промени падот на наталитетот, поттикнат од менувањето на општествените норми и економските притисоци.

Стапката на плодност во земјата, најниска во светот, дополнително падна минатата година, при што просечниот број на очекувани бебиња по жена падна на 0,72 од 0,78 во 2022 година.

- Проблемот со нискиот наталитет бара да ја сфатиме ситуацијата посериозно и да размислуваме за причините и решенијата од поинаква перспектива - изјави Јун во декември.

Владата на Јужна Кореја веќе потроши повеќе од 200 милијарди долари на иницијативи за поддршка на новите мајки и поттикнување поголеми семејства, вклучувајќи субвенции, третмани за неплодност и услуги за грижа за деца. Сепак, во 2023 година стапката на фертилитет се намали четврта година по ред.

Падот на наталитетот ја намалува големината на работната сила во земјата, што може да доведе до побавен економски раст, повисоки стапки на зависност и зголемен притисок врз јавните услуги и пензиските системи. Некои приватни компании донесоа свои мерки за поттикнување на наталитетот. Гигантот „Бојанг груп“, на пример, на вработените им нуди 75.000 долари за секое родено бебе.

Процентот на млади и постари лица продолжува да се намалува, а тоа предизвикува загриженост за одржливоста на економскиот раст и конкурентноста.

Во раните 90-ти години, младите на возраст меѓу 19 и 34 години сочинуваа речиси една третина од населението. До 2020 година бројката падна на само една петтина, од 51,8 милиони жители на земјата, при што проекциите покажуваат дополнителен пад на 5,21 милиони до 2050 година, според националната статистика.

Источноазиските соседи на Јужна Кореја, Јапонија, Кина и Тајван се соочуваат со слични демографски предизвици.

Извор: Newsweek.com
Фото: Freepik