Луѓето со повисок коефициент на интелигенција се посреќни

Луѓето со повисок коефициент на интелигенција се посреќни

Подготвил: Б.Б.

Една студија покажа дека кај луѓето со повисок коефициент на интелигенција поголема е веројатноста да бидат среќни.

Истражувачите анализирале податоци од речиси 7.000 луѓе, при што откриле дека тие со понизок IQ (70 – 99) биле понесреќни во споредба со оние кои имале висок IQ (120 – 129).

Докторката Анџела Хасиотис, предводничка на студијата објавена во Psychological Medicine изјави:

„Откривме дека IQ-то е поврзано со личното чувство за среќа, така што помалку интелигентните изразија помало чувство на среќа во споредба со тие со висок коефициент на интелигенција кои се сметаа за посреќни.

Ова особено важи кога се зборува за актуелните политички расправи за среќата.“

Меѓутоа, како што објасни таа, ова повеќе има врска со факторите на средината, отколку со коефициентот  на интелигенција:

„Кога ги обработувавме податоците, забележавме дека луѓето со понизок IQ се понесреќни поради лоши социо-економски услови, како на пример, ниска плата.

Тие, исто така, се помалку среќни, бидејќи имаат поголема потреба од помош во секојдневното живеење, имаат нарушено здравје и покажуваат симптоми на психолошки нарушувања.“

Студијата потврди дека кај младите луѓе од социјално поделените области кои се изложени на долгорочни интензивни стратегии за подобрување на коефициентот на интелигенција, може да се забележи позитивен ефект не само врз IQ-то, туку и врз благосостојбата.