Што севернокорејските експерти не сфаќаат за земјата, според бегалец што живеел во оваа земја

Што севернокорејските експерти не сфаќаат за земјата, според бегалец што живеел во оваа земја

Подготвил: Тамара Гроздановски

Малку е познато за секојдневниот живот во Северна Кореја, дури и меѓу луѓето што ја проучуваат земјата. Според еден бегалец, владината пропаганда во Северна Кореја е прилично распространета, па дури и самопрогласените експерти од Северна Кореја често не сфаќаат колку е распространета.

Во 1997 година, севернокорејскиот бегалец Ким Јанг-ил, успеал да избега додека земјата се соочувала со четиригодишен глад и економска криза. Според одредени проценки, во тој период од глад починале околу 240.000 и 3.5 милиони Севернокорејци од вкупно население од 22 милиони жители и покрај тоа што владата тврдеше дека е просперитетно време со доста храна.

kim
Фото: Reuters


Ким денес е основач на непрофитната организација „PSCORE“, чија цел е да ја подигне свеста за злоупотреба на човековите права во Северна Кореја, и да им се помогне на бегалците да се прилагодат на животот во Јужна Кореја.

Иако Ким избегал од диктатурата, тој изјави дека животот во Северна Кореја останува ист: владата ги лаже граѓаните и тие мораат тоа да го прифатат.

Експертите за Северна Кореја ја истражуваат земјата и испраќаат информации до владата на Јужна Кореја. Во нивните извештаи пишува за неколку фракции што се натпреваруваат за власт во Северна Кореја, што може да доведе до пад на земјата.

Но Ким вели дека ова е неточно.

-Нема разлика помеѓу фракциите. Постои само едно семејство и луѓето. Ким Јонг-ун ја има целосната моќ, ниту една од овие фракции не е важна. Тие имаат само име, но не и моќ. Експертите велат дека постојат две различни фракции што ја контролираат Северна Кореја, но постои само еден диктатор и неговото семејство што контролира сѐ.

-Моќните луѓе во Јужна Кореја може да вработуваат луѓе што им се лојални, но тоа не е опција во Северна Кореја бидејќи највисоките нивоа на владеење избираат кој ќе работи и каде ќе работи. Луѓето во Северна Кореја немаат идеја дали лицето што работи под нив е шпион што сака да го провери него или неа, немаат поим на кој би можеле да му веруваат. Луѓето не можат да формираат фракции бидејќи сите се шпионираат едни со други - вели Ким и додава дека официјалните објави од Северна Кореја се лажни.

-Живеев 20 години во Северна Кореја и секогаш кога имаше суша, вестите јавуваа дека е сезона на просперитет. Она што го кажуваат официјално е лага - завршува тој.