Дали голем астероид навистина ќе ја погоди Земјата оваа година?

Дали голем астероид навистина ќе ја погоди Земјата оваа година?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Светот е во паника од извештаите дека огромен астероид би можел да ја удри Земјата оваа година. Но, овие извештаи ја прецениле можноста дека астероидот ќе стигне до нас.

Голем број извештаи неодамна објавија дека Земјата ќе се судри со парче вселенска карпа што би можело да предизвика хаос на Земјата.

- Астероид со големина на фудбалски терен би можел да ја погоди Земјата оваа година - вели еден од насловите.

Друг, уште подраматичен тврди дека астероид со големина од 49 метри би можел да се судри со Земјата оваа година и да уништи област колку Лондон.

asteroid

Но, ниту еден наслов не е целосно погрешен: астероид би можел да ја удри земјата. Но, шансите за тоа се минимални, помалку од 1 на 7.000 според Европската вселенска агенција. Исто така, различни извештаи забележуваат дека Европската вселенска агенција во 2006 година го класифицира астероидот „QV89“ како четвртиот најопасен објект на листата на можни астероиди. Ова рангирање ги зема во предвид објектите близу Земјата што имаат можност да се судрат со Земјата.

Но, она што овие извештаи не го потенцираа е дека од ниту еден од тие топ 10 објекти не се очекува да се удрат со Земјата. Иако листата е позната како „листа на ризик“, реалниот ризик некој од нив да ја погоди земјата е многу низок.

Не е јасно зошто има место за паника за овој астероид. Во моментов, овој астероид е далеку од Земјата и нема да се приближи до септември. Дури и кога ќе се приближи, речиси сигурно е дека ќе помине покрај Земјата на растојание од многу милиони километри.

И додека вестите за астероидите што се на пат да ја погодат Земјата скоро секогаш се невистинити, останува значителна опасност дека врз нашиот живот на Земјата може да имаат влијание вселенските карпи што ќе поминат покрај или во земјата. НАСА работи на подготовка на одбрана против можен судир - а во тестирање спроведено минатиот месец, не успеа да го заштити Њујорк од уништување.