На син ми му се појави тик со трепкање на очите откако се породив вторпат. Како да му помогнам?

На син ми му се појави тик со трепкање на очите откако се породив вторпат. Како да му помогнам?

Син ми има 6 години. Почна да пелтечи од рана возраст и тоа беше следено од логопед со редовни часови. Имаше видно подобрување во говорот, дури и периоди на скроз ,,чисто“ зборување. Направивме пауза и пред да тргне на училиште се породив со второ дете. Тогаш се влоши говорот и притоа се појави и тик со трепкање. Повторно почнавме со работа со логопедот, говорот повторно многу се подобри, ама тикот останува. Кога гледа телевизија, тој е поинтензивен и затоа телевизијата е сведена на минимум. Насабајле кога се спрема за на училиште, еден час воопшто не се јавува тикот. Почнува на пат кон училиштето. Инаку во училиште е супер, убаво другарува и многу сака да оди. Дома покажува љубомора поради второто дете, ама сме многу внимателни, големо внимание му посветуваме и нему. Бевме на преглед, но нема проблем со видот. Ме загрижува што тикот трае веќе три месеци. Не е толку чест како на почетокот, меѓутоа, сѐ уште е присутен. Забележав дека е свесен за тикот, ме убедува да му дозволам да гледа телевизија, дека нема да трепка тогаш. Што треба да преземам следно за да му помогнам?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк