Српски студенти ќе го тужат факултетот поради објавување здравствени податоци

Српски студенти ќе го тужат факултетот поради објавување здравствени податоци

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Студенти од Медицинскиот факултет во Белград најавиле дека ќе започнат судска постапка против деканот на факултетот поради злоупотреба на нивните податоци.

Факултетот ги обелоденил информациите за вакцинирање, прележување ковид-19 и позитивните тестови на студентите, изјавиле од неформалната група граѓани „Лекари и родители за наука и етика“.

Според објава од „Лекари и родители за наука и етика“ на „Фејсбук“, било утврдено дека факултетот ги обработува овие податоци, што е спротивно на законските одредби.


Од наведените причини, комесарот за заштита на информации од јавно значење и лични податоци донел решение со кое се забранува обработка на личните податоци, односно податоци за здравјето на студентите заради следење настава и спроведување работни активности, со што бил прекршен Законот за заштита на податоци.

Комесарот, исто така, му наложил на Медицинскиот факултет да ги избрише тие податоци и за бришењето да ги извести сите студенти од кои се собрани податоци, што било направено.

Извор: Nova 
Насловна фотографија: Медицински факултет во Белград