Оглас за ангажирање на 20 (дваесет) теренски истражувачи. Огласот важи за цела Македонија

Оглас за ангажирање на 20 (дваесет) теренски истражувачи. Огласот важи за цела Македонија

Центарот за правни истражувања и анализи во рамките на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“, поддржана од Британската амбасада Скопје, објавува:

ОГЛАС
за ангажирање на 20 (дваесет) теренски истражувачи

Во рамките на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“, компонентата 1 - Примена на Матрицата за следење на напредокот на реформите во правосудството во Македонија, Центарот ангажира дваесет анкетари кои е потребно да извршат теренски истражувања врз основа на веќе структуриран прашалник во текот на месец октомври 2018 година, во основните и апелационите судови во Република Македонија.

Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
- Завршено правни студии со 180 ЕКТС кредити;
- Одлични комуникациски вештини;
- Одлични вештини на планирање, организирање и известување;
- Способност за работа со доверливи информации и материјали;
- Способност и желба за работа во тим.

Претходно искуство во прибирање податоци преку анкетни истражувања ќе се смета за предност.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV најдоцна до 27.07.2018 (петок), на e-mail адресата: contact@cpia.mk

Од своето основање во 2012 година, Центарот за правни истражувања и анализи работи во областа на владеењето на правото, пристап до правдата, демократизација, добро владеење, и човекови права. ЦПИА се залага за постигнување на своите цели преку активности поврзани со правни истражувања, развој на правни ресурси, мобилизирање на заедницата, градење правна свест и обезбедување правни совети и мислења.

За повеќе информации за програмата и за работата на Центарот за правни истражувања и анализи, посетете ја нашата веб страна: www.cpia.mk.