Оглас за вработување! Нето плата: 31.000 денари

Оглас за вработување! Нето плата: 31.000 денари

ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје - сервисно друштво на Делегацијата на Германското стопанство во Македонија бара за работа од 01.09.2018 Овластен(а) сметководител(ка) со лиценца (Junior) (1 лице)

Основна нето плата: 31.000,00 МКД

Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
1. Завршено високо образование (Економски фактултет)
2. Одлично познавање на локалните сметководствени стандарди, сметководствената пракса, како и законските прописи за известување
3. Задолжително познавање на МСФИ стандардите
4. Одлично познавање на работа со компјутер (МС Офис и Интернет)
5. Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишување и зборување)
6. Познавањето германски јазик ќе се смета за предност
7. Работно искуство од најмалку 3 години
8. Искуство во работа со Pantheon ќе се смета за предност
9. Искуство во работа како регистрационен агент ќе се смета за предност
10. Уверение за овластен сметководител издадено од ИСОС
11. Тимска работа
12. Амбициозна, исполнителна и педантна личност, со способност да работи во динамична работна средина

Работни задачи:
1. Сметководство за надворешни клиенти ( книжење фактури, изводи, патни налози, благајна и сл.)
2. Изготвување на ДДВ пријави
3. Пресметка на плати
4. Изготвување на завршни сметки и финансиски извештаи
5. Изготвување на извештаи за НБРМ и Завод за статистика
6. Изготвување на периодични информации за новини во сметководствените прописи во Македонија за потребите на клиентите

Потребни документи за аплицирање:
- Мотивационо писмо на англиски или германски јазик
- Биографија на англиски или германски јазик
- Копија од Уверение за завршено образование
- Копија од Уверение за овластен сметководител
- Фотографија не постара од 6 месеци

Документите да се достават на мејл најдоцна до 31.07.2018: jobs@mazedonien.ahk.de
Одбраните кандидати ќе бидат поканети на интервју кое ќе се одржи на 07.08.2018

Ве молиме без телефонски повици.