Доналд Трамп им дава овластувања за сајбер-напади на приватни компании

Доналд Трамп им дава овластувања за сајбер-напади на приватни компании

Белата куќа ќе им даде дозвола на компаниите за сајбер-безбедност за спроведување офанзивни операции насочени кон разбивање на криминалните организации.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со месеци размислуваше за оваа идеја, која во својата суштина е слична на повеќевековната практика на издавање корсарски (гусарски) писма (повелби). Тоа е вид документ што ја проширува официјалната заштита на приватни бродови за напад врз пирати и непријателски пловила, регулиран облик на пиратство познат како корсарство.

Меѓуагенцискиот Национален координативен центар ќе ја подели контролата врз програмата помеѓу двајца извршни директори од Министерството за татковинска безбедност и Министерството за правда. Наредбата ги поттикнува безбедносните компании на доброволно склучување договори за споделување разузнавачки податоци со владините агенции од локално до сојузно ниво и ги поттикнува да предлагаат и да помагаат во спроведувањето сајбер-операции што се справуваат со тие закани.

Компаниите што сакаат да учествуваат ќе мора да имаат еден милион американски долари во обврзница или меница

Во моментов најголемиот дел од офанзивните сајбер-операции ги спроведуваат криминалци насочени кон профит, воени единици како Американската сајбер-команда или разузнавачки агенции и нивни различни посредници. Тоа е така бидејќи тие се потенцијално и илегални и можат да бидат протолкувани како чинови на агресија, со можност за одмазда.

Приватните компании, плашејќи се од проблеми со одговорноста, се склони да повлечат линија кај она што се нарекува активна одбрана, помалку двосмислен поим што опфаќа тактики како барање судски налог за отстранување на хакерската инфраструктура или поставување мамки.

Надзорниците на програмата ќе развијат ригорозни постапки за преглед и спроведување на офанзивните сајбер-операции. Компаниите за сајбер-безбедност кои сакаат да учествуваат ќе мора да држат еден милион американски долари во обврзница или меница, кои може да бидат одземени во случај на прекршување на договорот.

Извор: mreza
Фото: magnific