Древниот кенгур личел на коала

Древниот кенгур личел на коала

Научници открија исчезнат вид кенгури од ледениот период во Австралија кои изгледале многу различно од денешните.

Научниците од Универзитетот на Арканзас, САД, сметаат дека животното, кое живеело пред 42.000 години, имало поширок, а покус череп. Тоа му дозволувало да грицка дрвја, што било неизбежен дел од неговата исхрана, слично како и кај пандите и коалите. Тоа својство, како и надворешниот негов изглед, биле различни од оние на денешните кенгури.

- Черепот на исчезнатиот вид кенгури се разликува од денешните како што черепот на џиновските панди се разликува од оној на мечките. Изгледа, од функционална гледна точка необичниот череп на древните кенгури личел повеќе на оној на пандите - изјави раководителот на истражувањето, Рекс Мичел.

Черепот на новооткриениот вид Simosthenurus occidentalis е реконструиран компјутерски. Со помош на моделите научниците спровеле и симулации на загризот, односно на механизмот и силата, па ги споредиле со оние на пандата.

И телото на древниот кенгур било поцврсто од она на денешните кенгури. Древното животно имало долги мускулести екстремитети, а обликот на неговата глава личел на денешните коали.

Извор: МИА