Почнува внатрешното уредување во блоковите В и Г во студентскиот „Гоце Делчев“

Почнува внатрешното уредување во блоковите В и Г во студентскиот „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното уредување на собите во блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

- Овие блокови беа комплетно реновирани и опремени со нови тоалети и мини-кујна. Внатрешното уредување на овие простории се однесува на изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, вклучувајќи ги и влезните холови во двата блока во студентскиот дом „Гоце Делчев“ - соопшти Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје.



Проектот, како што се наведува, е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука додека комплетното уредување се однесува на два влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски.



Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за чување облека, предмети, постелнина и книги, како и флексибилен стол.



Државниот студентски центар неодамна ја промовира веб-страницата dsdskopje.mk.

Се охрабруваат сите студенти што имаат проблем или идеја за подобрување на животот во студентските домови да ја пријават преку алатката „Мој дом“.

Извор: МИА