Руси сакаат да се преселат во Канада за да избегаат од црниот снег

Руси сакаат да се преселат во Канада за да избегаат од црниот снег

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Жителите на рускиот град Киселјовск имаат едноставно барање до премиерот на Канада, Џастин Трудо, да ги пушти во земјата.

Тоа е затоа што градот, кој е озлогласен поради сиво-црниот снег загаден од јаглен, се покажа како негостољубив за жителите, кои сега сакаат да бидат еколошки бегалци. Но, поради комплицирани правни формалности - на бегањето од загадување се гледа поинаку отколку на бегањето од климатски промени - експертите велат дека Русите немаат многу шанси.

Околу 80 отсто од населението на Киселјовск живеат во близина на отворена јама од рудник за јаглен и како резултат на тоа водата и храната во градот се загадени. Ракот и туберкулозата се чести и животниот век е скратен бидејќи отровната прашина го прекрива регионот.

Сè на сè, состојбата ја прави Канада одлична дестинација.

- Ја избравме Канада затоа што климата таму е слична на онаа во нашиот регион и да не речат руските власти дека само сакаме да се преселиме во потопли краеви - истакна еден од организаторите.


Жителите го актуализираа нивното барање преку низа видеа објавени на „Јутјуб“. Но, Канада обично не прима еколошки бегалци (особено со оглед на тоа дека другите делови на Русија се погодни за живот) - став кој Шери Ејкен од Универзитетот „Квинс“ смета дека е застарен.

- Нема сомнеж дека нашите закони и политики ќе треба да се адаптираат на оваа нова реалност - вели Ејкен.