Петте најсветли планети овој месец ќе ни приредат спектакл на небото

Петте најсветли планети овој месец ќе ни приредат спектакл на небото

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

По вторпат оваа година петте најсветли планети во нашиот Сончев Систем - Меркур, Венера, Јупитер, Сатурн и Марс, ќе бидат видливи на ноќното небо истовремено.

Планетите ќе формираат линија што се крева од хоризонтот на западното небо и најлесно ќе биде видлива по зајдисонце в четврток, 18 октомври. Сепак, целиот месец планетите ќе бидат видливи на небото.

Меркур и Венера ќе бидат највидливи на запад и поблиску до хоризонтот, додека Сатурн ќе биде повисоко на небото, а Марс ќе биде видлив уште повисоко. Ноќта на 18 октомври, Венера и Меркур ќе бидат една до друга. Бидејќи Меркур е најбледа и најтешко се гледа од сите планети, ултрасветлата Венера што ќе биде до неа ќе ѝ овозможи на планетата Меркур да биде повидлива.

Подоцна, на 24 октомври, ќе можете да ги видите и Уран и Нептун на ноќното небо - само што ќе ви биде потребно подолго време за да ги забележите.

Оваа фантастична глетка не секогаш се појавува толку често. Освен што планетите на ваков начин се видливи во 2018 година, тие беа видливи двапати во 2016 година. Наредниот пат кога петте најсветли планети ќе се усогласат на ноќното небо на ваков начин е во 2020 година, но наместо да бидат толку блиску, како што ќе се појават овој месец, тие ќе се протегаат преку небото, па би било потешко да се забележат.