Оглас за работа во Пивара Скопје. Се бара: Комерцијалист - унапредувач на пазарот за Охрид

Оглас за работа во Пивара Скопје. Се бара: Комерцијалист - унапредувач на пазарот за Охрид

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности како за личен така и за кариерен развој.

Што е тоа што го бараме:

Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност
Возачка дозвола Б-категорија
Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point)
Добро познавање англиски јазик
Чувство за односи со клиенти

Краток опис на основните одговорности:

Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа;
Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
Генерирање и проследување нарачки до производителот;
Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
Подготовка на соодветна документација за продажба;
Давање насоки на клиентите за употреба на производите.

Биди дел од интернационалното семејство на Coca – Cola HBC и HEINEKEN!

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 24.10.2019 година.


Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.