„Квин“ лансира нова апликација што им овозможува на фановите да пеат како Фреди Меркјури

„Квин“ лансира нова апликација што им овозможува на фановите да пеат како Фреди Меркјури

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Квин“ лансира нова апликација што им овозможува на фановите да пеат како Фреди Меркјури. Aпликацијата „FreddieMeter“ им покажува на корисниците колку одговара нивниот глас на гласот на легендарниот пејач, анализирајќи ги висината и мелодијата и им доделува поени од 0 до 100.

Фановите ќе можат да изберат една од четирите песни на апликацијата: „Bohemian Rhapsody“, „Don’t Stop Me Now“, „Somebody to Love“ или „We Are the Champions“ и да ги предизвикаат пријателите.

ТУКА можете да ја преземете.