Наставниците и училиштата сами ќе одлучуваат дали ќе предаваат од дома. Ова не важи за оние од 1. до 3. одделение

Наставниците и училиштата сами ќе одлучуваат дали ќе предаваат од дома. Ова не важи за оние од 1. до 3. одделение

Наставниците во договор со директорите на училиштата самостојно ќе одлучуваат дали ќе продолжат да ја вршат наставата од работното место – во училница или имаат услови да го прават тоа од дома, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.
Одлуките ќе се донесуваат на ниво на колектив и Министерството за образование и наука нема да се меша. Целта е да се заштеди на греење на училишните објекти кога тоа не е неопходно, но и да се излезе во пресрет на потребите на наставниците.

Ова се однесува на наставниците од 4. до 9. одделение и за оние во средните училишта. Најмалите ученици од 1. до 3. одделение продолжуваат со настава во школо.