Синофарм, Фајзер, Спутник V или Астра зенека: Која вакцина се покажа најдобро?

Синофарм, Фајзер, Спутник V или Астра зенека: Која вакцина се покажа најдобро?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Компанијата за вакцини „Фајзер/Бајонтек“ го создаде најсилниот имунолошки одговор на ковид-19 при тестирањето на четирите вакцини, додека луѓето вакцинирани со „Синофарм“ можеби се најподложни на инфекции, пишува списанието „Сел хоуст енд мајкроб“.

Нивоата на неутрализирачки антитела на САРС-КоВ-2 варираат во секоја од четирите вакцинирани групи.

Релативно високо е нивото на антитела забележано кај „Синофарм“ и „Спутник“, средно ниво кај „Астра зенека“, а најголем број антитела создаде вакцината на „Фајзер“.

Се претпоставува дека се вклучени фактори како што се количина на активни состојки во секоја доза и интервалот помеѓу првата и втората доза, велат авторите од Универзитетот „Стенфорд“, Фондацијата „Оном“ и Националниот центар за зоонозни болести во Улан Батор.

Варијациите во начинот на кој се давале вакцините може да играат улога во резултатите. „Блумберг“ пишува дека споредбите во студијата биле погрешни бидејќи поминало повеќе време помеѓу администрацијата на „Спутник V“ и мерењето на антителата отколку со другите вакцини, според Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој учествувал во развојот на „Спутник V“ и е задолжен за неговата меѓународна дистрибуција.

Исто така, луѓето што ја примиле вакцината „Спутник V“ во просек биле 10 години постари од луѓето што примиле други вакцини. Студијата била направена меѓу 196 ревакцинирани лица во Монголија, каде што биле користени сите четири вакцини.

Оние што примиле „Синофарм“, кои сочинуваат 89,2 отсто од вакцинираните во тоа време во Монголија, како и помал број луѓе што примиле „Спутник V“ или „Астра зенека“, би можеле да бидат поподложни на ковид-19 и покрај имунизацијата, велат авторите на истражувањето.

Извор: Bloomberg.com
Фото: Freepik