Македонците може да одат во Колумбија без виза

Македонците може да одат во Колумбија без виза

Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти денеска амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.

 - Укинати се визите и за Колумбија, најбрзорастечката економија на континентот, втората најмногубројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес - напиша Боцевски на својот фејсбук-профил.

Следни на списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу. Боцевски додава дека безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов.

Извор: МИА