Факултети.мк избран за најдобар сајт за вести и информации

Факултети.мк избран за најдобар сајт за вести и информации

Факултети.мк освои две награди на манифестацијата „Сајт на годината“ за 2020 година. Победник е во категоријата вести и информации, а покрај тоа освои и второ место во категоријата образование, наука и култура.

Групата на „Фејсбук“ - „Ковид-19 искуства и совети“ е прогласена за најдобар сајт за 2020 година, а оваа група исто така е победник и во категоријата фан-страница или група.

Mанифестацијата „Сајт на годината“ е во организација на Media Solutions и системот за онлајн-реклами keepaneye.mk. Има цел да ги промовира, развива и поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет-културата во Македонија.