„Чет-ГПТ“ годишно троши повеќе електрична енергија отколку цела Словенија

„Чет-ГПТ“ годишно троши повеќе електрична енергија отколку цела Словенија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Најпознатата алатка на компанијата за развој на вештачка интелигенција „Опен АИ“, чет-ботот „Чет-ГПТ“, годишно троши околу 17,23 терават-часа (TWh) електрична енергија, што е повеќе од вкупната годишна потрошувачка на Словенија.

Според истражување на Универзитетот на Род Ајленд, „Чет-ГПТ“ троши околу 0,189 киловат-часа по прашање, а годишната потрошувачка е пресметана врз основа на тоа дека 810 милиони активни корисници во просек поставуваат 22 прашања неделно.

На дневно ниво „Чет-ГПТ“ обработува повеќе од 2,5 милијарди прашања, за што се трошат околу 47,2 мегават-часа (MWh) електрична енергија.

Оваа количина на енергија е доволна за полнење на 238 милиони електрични возила со батерии со капацитет од 72,4 kWh. За споредба, просечно домаќинство во САД или во Западна Европа дневно троши околу 29 kWh електрична енергија.

Алан Голдберг, претставник на компанијата „Бестброукерс“, истакнува дека енергетската ефикасност на системите се подобрува, но дека растот на бројот на корисници и зголемената потрошувачка поради сè поголемата комплексност на моделите за вештачка интелигенција ги поништуваат тие заштеди.

Доколку не дојде до значајни технолошки иновации, трошоците за користење на вештачката интелигенција би можеле уште повеќе да се зголемат, предупредува Голдберг.

Извор: Euronews.rs
Фото: Freepik