МОН ги охрабрува учениците и студентите да пријават сексуално вознемирување во Државниот просветен испекторат

МОН ги охрабрува учениците и студентите да пријават сексуално вознемирување во Државниот просветен испекторат

Подготвил: М.А.М.

Многу храбри жени деновиве на „Фејсбук“ објавуваат потресни приказни за сексуално вознемирување што го почувствувале на своја кожа и со тоа ја подигаат свеста за овој вид насилство. Ако го отворите хаштагот #СегаКажувам и #TaniTregoј веднаш ќе забележите дека голем дел од сексуалните напади се случиле во образовни институции.





После објавувањето на приказните на жени и девојки кои доживеале сексуално вознемирување во образовни институции како дел од иницијативата „Сега кажувам“, Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека ги охрабрува сите ученици и студенти да пријават вакви обиди или случаи во Државниот просветен инспекторат.
- Сексуалното насилство и вознемирување во образовните институции е прашање што ги засега подеднакво сите: учениците, студентите, наставниците, родителите и семејствата, образовната заедница и општеството. МОН ги охрабрува сите ученици и студенти да пријават обиди или случаи на сексуално вознемирување во Државниот просветен инспекторат, но и наставниците, кои исто така треба да пријават случаи на сексуално вознемирување доколку ги забележат, и да ги заштитат своите ученици и студенти – соопшти МОН.

Наставникот/професорот треба да претставува пример во однесувањето за своите ученици и студенти и затоа најстрого ќе ги казниме ваквите сериозни престапи за несовесно и неетичко работење, изјавија од министерството. Тие ја поддржаа иницијативата #СегаКажувам и сметаат дека истата ги охрабрува сите жртви на сексуално вознемирување да ги изразат своите трауматични искуства и така да ја кренат свесноста за ова значајно прашање.

Многу храбри жени деновиве на „Фејсбук“ објавуваат потресни приказни за сексуално вознемирување што го почувствувале на своја кожа и со тоа ја подигаат свеста за овој вид насилство. Ако го отворите хаштагот #СегаКажувам и #TaniTregoј веднаш ќе забележите дека голем дел од сексуалните напади се случиле во образовни институции, училишта и факултети, местата каде што децата и студентите пред сѐ треба да се чувствуваат безбедно.