Деталната листа со правила во бањата на еден маж за неговата сопруга

Деталната листа со правила во бањата на еден маж за неговата сопруга

Подготвил: Тамара Гроздановски

бања
Фото: Getty Images

Без разлика со кого живеете, бонтонот е секогаш трнлив проблем.

Од водените плочки во бањата до недостиг на тоалетна хартија, бањите можат да бидат минско поле што постојано предизвикува некаков конфликт.

Повеќето луѓе обично премолчуваат и чистат после грешките на партнерот, тајно надевајќи се дека тој ќе ја сфати пораката.  Но за еден сопруг од Бризбејн, Австралија, работите излегле од контрола, така што повеќе не можел да ги толерира навиките во бањата на неговата сопруга.


Нејзината употреба на производи за коса, нејзиниот жилет за бричење, плус расфрланите крпи, кај него предизвикале анксиозност. За да се спротивстави на нејзините навики во бањата, тој ѝ напишал многу конкретни правила кон кои таа морала да се придржува.

Иако правилата се малку груби, сепак завршуваат со пораката: „Те сакам премногу - те молам промени си ги навиките во бањата“, така што постои надеж дека работите ќе одат во правилна насока.

Кет Роуз, сопругата на човекот со правилата, вели дека на правилата гледа од забавна страна, меѓутоа сфатила дека правилата кажуваат нешто важно за бракот.

„Ова е многу повеќе од писмено предупредување. Рака на срце, ова е првото писмено предупредување од мојот сопруг. Се надевам дека ќе биде и последно. Тој потенцира важна поента за политиката во бањата и бракот и како е важно да се биде отворен и да се разговара со партнерот, како и за тоа дека ако споделувате бања, таа може да биде одраз на вашиот брак“, вели таа.