Стекнете со работно искуство во водечка и светка компанија за производство на челик!
АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство
на челик, со претставништва во над 60 земји. Присутни
сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано
се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на
младите кадри преку практикантска програма во различни
области.
Праксата во одделот за
Човечки ресурси и правни работи
е со полно работно време и вклучува: запознавање со
политиките и практиките во секторот , применување
алатки за унапредување на перформансите,
инволвирање во внатрешна комуникација.
Наменето за:
студенти и дипломци од општествени науки кои имаат
одлично познавање на Англиски Јазик и компјутерски
вештини, познавање на Excel, се комуникативни, тимски
ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.
Придобивки:
• 3 месечна практикантска работа со ментор
• континуиран процес на учење и развој на вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера
Како да аплицирам?
Испратете го своето CV на
HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака
„Апликација
за пракса – Човечки ресурси“. Селектираните кандидати ќе
бидат повикани на интервју.