Професорот по ликовно ѝ подари монументална скулптура на гимназијата „Корчагин“

Професорот по ликовно ѝ подари монументална скулптура на гимназијата „Корчагин“

Подготвил: В.И.И.

Лектор: Ивана Кузманоска

Монументалната мермерна скулптура „Мост“ е поставена во дворот на скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“. Уметничкото дело на училиштето му го подари скулпторот Сашо Саздовски, професор по ликовно во гимназијата.


Сашо Саздовски (лево) на откривањето; Фото: Пандора Апостолоска-Саздова

На откривањето на скулптурата присуствуваа авторот Саздовски, раководството на училиштето, неговите колеги и, се разбира, средношколците. Поставена е покрај влезот, веднаш до монументалната бронзена фигура на патронот Корчагин.


Средношколците и колегите од „Корчагин“

Симболиката одговара на намената и локацијата. „Мост“ претставува премин преку кој поминуваат новите генерации одејќи го патот кон зрелоста и осамостојувањето.



Сашо Саздовски е еден од најреномираните македонски скулптори од поновата генерација. Во 2000 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што две години подоцна магистрира. Главно работи со мермер. Во последните години е активен во Европа и на Блискиот Исток.