Халид Тавил Стипендии 2018 Фондација Леорон

Халид Тавил Стипендии 2018 Фондација Леорон

Фондацијата Леорон објавува објавува КОНКУРС за доделување Халид Тавил стипендии на студенти од социјални категории, кои сакаат да се запишат или се веќе запишани на додипломски студии.



Стипендијата ќе важи за период од 10 месеци, во кои студентите ќе добиваат месечен надоместок од 100 евра.

Предност ќе имаат студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија.

Начин и рок на пријавување
Студентите кои сакаат да се пријават на конкурсот, треба да пратат пополнета апликација и мотивационо писмо на khalid.scholarship@leoron.com заклучно со 25.03.2018.

Се препорачува да се поднесат и документи кои ја потврдуваат веродостојноста на податоците внесени во апликацијата.
Контакт инфо: Емаил khalid.scholarship@leoron.com
Телефон: 02/ 3298 – 411, локал 6240 - Нена Димовска