Вработување во МАНУ...Плата 21.945 денари

Вработување во МАНУ...Плата 21.945 денари

Врз основа на член 23 од Законот за работни односи („Службен весник наР. М. бр. 62/0 5, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10. 124/10, 47/11, 11/12,
39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129 /15 и 27/16),член 26 од Законот за Македонската академија на науките и уметностите
(„Службен весник на Р. М. бр. 13/96 , 5/09 и 59/2012), член 45а  од За конот зана у чноистражувачка дејност и член 34 од Правилникот за организација на работатана научните и уметничките организациони единици во Македонската академија на науките и уметностите („Билтен, бр. 3/2013), Истражувачкиот центарза ареална лингвистика „Божидар Видоевски, при Македонската академијана науките и уметностите, распишува

КОНКУРС

за вработување на 1 (еден) помлад асистент истражувач на не определено време во Истражувачкиот центар за ареалналингвистика „Божидар Видоевски"
1 1 (еден) помлад асистент истражувач

Покрај општите услови за вработување:
-да е државјанин на Република Македонија,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност и
-да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност

кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- високо образование, ниво на квалификации VI А, 240 кредити според EKТC или завршен VII/1 степен, филолошки факултет,
- активно владеење на еден светски јазик, како и познавање на некој од словенските јазици.

Висината на основни месечни нето примања за наведеното работно место изнесува 21.945 денари.
Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7.00 -15. 00 часот).

Заинтересираните кандидати потребно е да достават: CV (лична биографија) и мотивационо писмо на македонски јазик, докази за исполнување на општите
услови (уверение за државјанство, лекарско уверение и уверение дека на кандидатот не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност) како и докази за исполнување на посебните услови (диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното
место и доказ за активно владеење на еден светски јазик).
Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.
Со сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите за наведеното работноместо ќе се спроведе поединечно интервју.
Изборот ќе се изврши во рок согласно член 23 став 2 од ЗРО.
Пријавите со документи за исполнување на условите се доставуваат на адреса:
Македонска академија на науките и уметностите,
Бул. „Крсте Мисирков" бр. 2-Скопје
телефон за контакт (02) 3235 400,
во рок од 5 (пет) работни дена од објавувањето на јавниот оглас, сметајќи го и денот на објавувањето заклучно со 28. 3. 2018. Условите наведени во конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Некомплетни и ненавремени доставени документи нема да се разгледуваат.

МАНУ
Истражувачки центар за ареална лингвистика
„Божидар Видоевски"