Која е професорката што го воодушеви Бред Пит?

Која е професорката што го воодушеви Бред Пит?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

професорка
Фото: Printscreen

Бред Пит секој момент од своето време го поминува со убавата и импресивна професорка од Технолошкиот институт во Масачусетс, архитектот Нери Оксман.

Изворите тврдат дека Бред и Нери се запознале преку архитектонскиот проект на Технолошкиот институт, каде што таа работи како професор-соработник на катедрата за уметност во медиумите и науката.

Заедничките интереси кон архитектурата, уметноста и дизајнот ги споиле и сега тие имаат посебна врска, за која тврдат дека е на професионално ниво. Сепак, Бред изјави дека Нери го фасцинира во секој поглед.

Која е оваа преубава жена?

profesorka
Фото: Printscreen


Родена е во Хаифи, Израел, а студирала на Еврејскиот универзитет во Ерусалим пред да се запише на архитектура на израелскиот Институт за технологија. Потоа почнала да патува, а во меѓувреме се преселила во Лондон каде што ги продолжила студиите. Докторирала за дизајн на познатиот Технолошки институт во Масачусетс во Америка. Нејзината работа била изложена во најдобрите светски музеи.

Била омажена за аргентинскиот композитор Освалд Голијов, кој има добиено награда „Греми“. Се венчале во 2011 година, но повеќе не се заедно.

Бред Пит не е единствената позната личност воодушевена од Нери. Таа соработувала и со Бјорк и со холандската модна дизајнерка Ирис ван Херпен.

„Не мислам на модата само како мода или на биологијата само како биологија. Не ги одделувам архитектурата, дизајнот и културата. Она што е поважно е јазикот на креативноста што ја носи суштината“, изјавила во една пригода.