Откриена матична клетка што може да му помогне на оштетениот мозок

Откриена матична клетка што може да му помогне на оштетениот мозок

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

1
Фото: Andrea Brand/Leo Otsuki

Новооткриениот тип на матични клетки може да му помогне на мозокот да се поправи од повреди или дури и од Алцхајмерова болест, укажуваат новите истражувања.

Клетката наречена „Г2 матична клетка“ е една од неколкуте „мирни“ матични клетки во мозокот. Оваа клетка покажува поголем потенцијал за регенерација отколку другите. Како и другите матични клетки, може да произведува клетки од сите типови, потребни на телото.

„Ако можеме да разработиме начини и да го искористиме потенцијалот на овие матични клетки, тие би можеле да се користат наместо инвазивните хируршки процедури, велат двајцата истражувачи од Универзитетот „Кембриџ“ во Велика Британија.

„Мозокот не може добро да закрепне сам, но овие новооткриени матични клетки сугерираат дека може да има начин за подобрување на неговата способност. Тие се во хибернација, но откако ќе се разбудат, имаат способност да генерираат клучни мозочни клетки“, вели молекуларниот биолог Андреа Бренд, еден од истражувачите.

Тоа е клучот за развој на нови третмани - мирните клетки мора да бидат разбудени пред тие да произведат нови клетки. Сега не е јасно како да се направи тоа. Сепак, знаците се добри: новото истражување покажа дека Г2 матичните клетки може да се разбудат релативно брзо за да започнат со производство на неврони и глија, клучни типови на клетки во мозокот.

лео
Фото: Andrea Brand/Leo Otsuki

Иако засега третманите не доаѓаат предвид, природниот агент што работи во самата внатрешност може да биде навистина важен за иднината на справувањето со оштетувањето на мозокот.

Ова истражување не е ограничено само на мозокот - истражувачите сметаат дека истите видови матични клетки би можеле да се најдат во други органи, а потоа да се контролираат, откако ќе се разработи вистинската хемиска сигнализација.

„Веруваме дека може да има слични матични клетки во други органи. Ова откритие би можело да помогне да се подобрат или развијат нови регенеративни лекови“, вели Лео Оцуки, еден од истражувачите.