Вработување во Медикус...Отворени се 4 (четири) работни места

Вработување во Медикус...Отворени се 4 (четири) работни места

 МЕДИКУС дооел од Скопје е ексклузивен увозник на програмата од реномираниот производител на хербални производи ЕСИ од Италија, водечка компанија во Италија и во светот, присутна во 69 земји во светот, а во Македонија од 2003 година.

Распишува оглас за следната позиција
ФАРМАЦЕВТ Стручно-комерцијален соработник  

За потребите на МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен дистрибутер на италијанската компанија ЕСИ с.п.а. од Италија, бараме четири (4) Стручно комерцијални соработници (м/ж).

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.

Одговорности:
•    Остварување на предвидениот план за продажба
•    Спроведување на предвидените маркетинг активности
•    Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
•    Посета на лекари и фармацевти
•    Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
•    Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата ЕСИ и производите
•    Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион

Потребни квалификации:
•    Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет)
•    Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
•    Одлични организациски способности и вештини на планирање
•    Одлични комуникациски и презентациски вештини
•    Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски
•    Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство

Профил на идеалниот кандидат:
•    Посветен на работата и реализација на зададените цели
•    Ориентиран кон резулати
•    Подготвен за учење, усовршување и надоградување
•    Подготвен за патување
•    Добар слушател и комуникативен
•    Лојален
•    Отворен, искрен и позитивен став
•    Тимски играч

Компанијата ќе ви овозможи:
•    Можности за градење на кариерата во успешна компанија која брзо расте
•    Интересна и динамична работна средина
•    Службен автомобил, мобилен
•    Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати  

Доколку сте комуникативни, сакате динамична работна средина во областа на маркетингот и комерцијата, преку која ќе бидат препознаени Вашите индивидуални и тимски карактеристики и сте подготвени за Ваше понатамошно лично и стручно усовршување, станете и Вие дел од тимот на МЕДИКУС..

Аплицирајте на адресата : medikus@medikus.com.mk најдоцна до 31.01.2019г, со доставување на:

резиме (кратка биографија) со фотографија,
мотивациско писмо,
уверение за завршено соодветно образование,
како и копија од возачка дозвола