Јамајка првпат ќе се натпреварува во алпско скијање на Зимските олимписки игри

Јамајка првпат ќе се натпреварува во алпско скијање на Зимските олимписки игри

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Поранешен диџеј ќе стане првиот скијач што ќе ја претставува Јамајка на Зимските олимписки игри наредниот месец. Бенџамин Александар почнал да скија во 2016 година и нема тренер, но успеал да се квалификува за учество на Зимските олимписки игри откако завршил на седмото место на првенство во Африка одржано на 12 јануари.

Бенџамин, кој има 38 години, пораснал во Нортемптоншир, но татко му е од Јамајка. Тој ќе биде првиот алпски скијач и 15. атлетичар во историјата што ќе се натпреварува за Јамајка на Зимските олимписки игри.



Тој вели дека неговата необична приказна делумно е инспирирана од легендарниот тим кој се натпреварувал во боб-санкање во 1988 г. Тимот беше првиот што ја претставуваше земјата на Зимските олимписки игри. Тимот заврши последен во натпреварувањето, но стана познат откако за него беше снимен филм во 1993 година - „Реге на мраз“ (англ. Cool runnings).


Бенџамин почнал да се подготвува за Зимските олимписки игри пред две години. Тој никогаш не живеел во Јамајка, но поминал 4 месеци таму на почетокот од пандемијата и тогаш се решил да се натпреварува за земјата.

Зимските олимписки игри почнуваат на 4 февруари.

Извор: Sky News
Фото: Instagram (Printscreen)