Училишта во Англија забранија физички контакт помеѓу учениците

Училишта во Англија забранија физички контакт помеѓу учениците

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Две училишта во Есекс, Англија, забранија физички контакт помеѓу учениците.

Родителите на ученици во училиштето „Хајлендс“ биле известени дека забраната вклучува каков било агресивен контакт, прегратки и држење за раце. Средното училиште „Саутчрч“ ги известило учениците дека не смеат да се допираат, освен за време на часовите по ликовно и физичко образование. Двете училишта изјавиле дека имале позитивни реакции на одлуките.

Кетрин Мекмилан, професор во едно од училиштата, објаснува дека целта на одлуката е да се заштитат децата.

- Доколку вашето дете допира друго, без разлика дали тоа му дозволило или не, може да се случи сешто. Може да доведе до повреда, да се доведе ученик во непријатна ситуација или некој да биде несоодветно допрен - изјавила таа.

Според неа, децата треба да создаваат позитивни пријателства, но не и романтични врски во училиштето.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay