Погледнете како изгледа најголемиот снежен лавиринт во светот

Погледнете како изгледа најголемиот снежен лавиринт во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Градот Закопане, на југот на Полска, се протега заедно со планинскиот венец што преминува и во соседна Словачка.

Бреговите над Закопане се омилено место цела година, но во текот на зимата ова место се претвора во скијачки центри и бајковит Снежен град - зимски авантуристички парк со многу креативни содржини во кои уживаат и децата и возрасните.

Снежниот град се гордее со иглу, парк на ледени скулптури и вистински Снежен замок и Палата на Снежната кралица со кули високи до 15 метри.

Најголемиот снежен лавиринт во светот

Во рамките на паркот се наоѓа и најголемиот снежен лавиринт, не само во Полска, туку во целиот свет. Лавиринтот првпат бил изграден во 2016 година, а неговата површина надминува 2.500 квадратни метри.

 

Лавиринтот се наоѓа под познатата скијачка скокалница Велика Кроква, каде што се одржуваат натпревари во скијачки скокови речиси сто години. Ходниците на лавиринтот се долги еден километар, а ѕидовите високи два метра.

Снежниот лавиринт е сезонска атракција, како и целиот Снежен град, кој е отворен за посетители од јануари до средината на март, освен ако не дојде до неочекувани температурни скокови или топли ветрови. Цена на влезницата за лавиринтот е околу 9,5 евра.

Лавиринтот е изграден од 60.000 блокови збиен снег, исто како што се гради иглу, а посетителите во него се „губат“ околу еден час. Ако некој сака повеќе време, нема причина за страв од студ, бидејќи досега никој не бил заборавен во лавиринтот преку ноќ.

Извор: 021.rs
Фото: Screenshot/YouTube