Документарни филмови за природата што се подобри од секој холивудски филм

Документарни филмови за природата што се подобри од секој холивудски филм

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

На филмовите им недостигаат идеи, сериите траат предолго, немаме желудник за хорори, премногу сме чувствителни за драми... Зошто едноставно да не одделиме време за квалитетен документарен филм за природата и нејзините убавини?

Многу од нас пораснале со документарни филмови за животинското царство, кои и денес со задоволство ги гледаме, но главно кога случајно ќе наидеме на нив вртејќи ги каналите. Се чини дека листата со добри документарци никогаш не била пократка среде нападот од високобуџетни серии, но тоа не е точно.

Погледнете ја оваа листа со документарни филмови што мора да ги изгледате.

African Cats (2011)

Вистинска приказна за авантурите на кралевите на африканските савани. Во овој документарен филм станува збор за соперништвото меѓу два клана и епското патување на една храбра фамилија. Филмот верно ги пренесува љубовта, духот и одлучноста на величествените кралеви на саваната. Наратор на филмот е Семјуел Л. Џексон.


Chasing Ice (2012)

Кога фотографот Џејмс Балог од „Нешнел џиографик“ прашал како да се направи една фотографија од климатските промени, неговата идеја веднаш доживеала реализација. Набрзо почна да работи на приказни за глечерите кои го полнеа магазинот и станаа многу популарни во последните пет години. Но, за Балог, оваа приказна е само почеток на проектот кој ќе доживее епски размери.


Virunga (2014)

Вирунга е најстариот национален парк во Демократската Република Конго и е под заштита на УНЕСКО. Овој документарен филм е комбинација од истражувачко новинарство и природа и го следи животот на младите лица што го ризикуваат својот живот за да создадат подобра иднина за Конго, но и за да зачуваат еден загрозен вид на планински горила.



Africa (2013)

Нараторот нѐ води на најразлични, најсурови и најизолирани места во Африка. Низ документарецот се преплетуваат пустините, саваните, џунглите, но и богатиот животински свет на Африка.


Planet Earth II (2012)

Дело на Би-би-си кое не смеете да го пропуштите. Нараторот нѐ води низ документарната серија за животните што се соочуваат со предизвици обидувајќи се да преживеат во најразлични услови на планетата.


Blackfish (2013)

Дресираниот и озлогласен кит убиец Тиликум е одговорен за смртта на три лица, вклучувајќи го и неговиот тренер. Во филмот се прикажани шокантни снимки и интересни интервјуа со тренери и експерти кои зборуваат за китот-убиец, третманот на тој вид во заробеништво, но и сѐ поголемото разочарување на работниците во профитабилната индустрија на водените паркови.



Human Planet (2011)

Филмско искуство кое ви носи феноменални човечки приказни од сите краеви на светот. Без да трепнете ќе ги гледате луѓето и животните како се обидуваат да преживеат во најсуровите услови на земјата.


Oceans (2009)

Филмската екипа се осудила да нурне многу длабоко и да им се приближи на морските суштества толку близу што и гледачите имаат чувство дека пливаат со нив. Филмот ја открива опасната и храбра, но и нежната страна на океанот.