Кога ќе порасне, Матеј сака да свири на тапани како Гаро Тавитјан

Кога ќе порасне, Матеј сака да свири на тапани како Гаро Тавитјан


Уште на 2-годишна возраст на Матеј Темелков речиси секоја минута од денот му била исполнета со тропање насекаде по дома, и тоа со фаќање и одржување ритам. Сега има осум години и за свирењето на тапани собира награди. Матеј двапати ја освоил специјалната награда за ударни инструменти на Art in Skopje, во 2017 и 2018 година, а негово било и Гран при во категоријата инструментална изведба на Меѓународниот конкурс „Уметноста – наша инспирација 2018“. Најчесто свири класични композиции, се натпреварува и е член на Академијата Еуро - Арт.