Кревет што ќе ве истурка ако влезете во половината на вашиот партнер

Кревет што ќе ве истурка ако влезете во половината на вашиот партнер

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Доколку го делите креветот со некого, веројатно знаете колку може да биде иритирачко кога вашиот партнер не спие на својата половина од креветот. Од „Форд“ решија да им помогнат на луѓето со вакви проблеми и ја претставија нивната верзија на креветот од иднината.

Врз основа на нивните искуства во развојот на паметни системи за автономни автомобили, од „Форд“ претставија кревет за „придржување до сообраќајната линија“. Едноставно, кога креветот ќе препознае дека вашиот партнер ви влегол во лентата, ќе го придвижи на неговата страна од креветот. Значи, веќе не морате да се будите на секој половина час за да го истуркате партнерот со раце и нозе до неговата половина. Креветот сам ќе го направи тоа, само малку понежно од вас.



Душекот е опремен со сензори кои препознаваат ако во некој момент едното лице премногу му се приближува на другото, односно ако премине преку средината на креветот. Ако се случи такво нешто, креветот автоматски почнува да го придвижува душекот, со што го турка лицето на неговата половина. Креветот истовремено ги турка двете лица, па така служи како алатка за одмазда и и вас ве префрла во половината на вашиот партнер.

Секако, креветот никогаш нема да стаса до пазарот, па, за жал, никогаш нема да можеме да си го купиме. На крајот на краиштата, кој би сакал да спие на подвижна лента како да е на каса во маркет?