Универзитетите на кои студирале најмногу милијардери

Универзитетите на кои студирале најмногу милијардери

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ново истражување објавено од „Дебју карирс“ нуди ранг-листа со образовни институции за кои се одлучиле најголем број од милијардерите во светот. Компанијата, која на студентите им нуди помош да ја пронајдат вистинската кариера, го анализирала образованието на секој милијардер во светот за да ја открие можната врска меѓу универзитетот или насоката на студирање и богатството.

Според податоци од 2019 година на светско ниво, Универзитетот „Харвард“ примил најмногу студенти што подоцна станале милијардери. 51 милијардер студирале на овој универзитет. Нивното вкупно богатство изнесува 377 милијарди долари.

На листата следуваат „Стенфорд“ со 34 милијардери, Бизнис-школата на „Харвард“ со 20 милијардери, „Колумбија“ со 16 милијардери и Универзитетот во Јужна Каролина со 14 милијардери. Во најдобрите десет речиси сите се американски универзитети, освен Фуданскиот универзитет од Кина и Московскиот државен универзитет во Русија.

Во однос на насоката на студирање, поголемиот дел од милијардерите не студирале економија, туку најчесто студирале нешто во областа на науките и уметностите. Магистерските програми по бизнис-администрација и магистерските и докторските дипломи во научните области биле следен најпопуларен избор. Само 31% од милијардерите имаат повеќе од една диплома.


Фото: Pixabay

Треба да се спомене и дека 40 од најбогатите во светот никогаш не запишале факултет, а 62 се откажале од студиите пред да дипломираат.

10 универзитети на кои студирале најмногу милијардери

1. „Харвард“ (51)
2. „Стенфорд“ (34)
3. Бизнис-школа на „Харвард“ (20)
4. „Колумбија“ (16)
5. Универзитет во Јужна Каролина (14)
6. Фудански универзитет (13)
7. Московски државен универзитет (13)
8. Њујоршки универзитет (13)
9. Универзитет во Калифонија, Лос Анџелес (12)
10. „Корнел“ (11)

Земјите во кои студирале најмногу милијардери

1. САД (615)
2. Кина (150)
3. Русија (92)
4. Индија (36)
5. Велика Британија (30)

Извор: Тhe ladders.com