ЕСА ги повикува луѓето со попреченост да станат астронаути

ЕСА ги повикува луѓето со попреченост да станат астронаути

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Европската вселенска агенција (ЕСА) бара нови астронаути, првпат во последните 11 години, и се надева дека меѓу новите астронаути ќе има и повеќе жени и лица со попреченост.

Досега 495 од вкупно 560 луѓе што биле во вселената биле мажи, а агенцијата сака да го промени овој размер. Освен тоа, агенцијата е прва што објавува повик за астронаути на кој може да се пријавуваат и лица со физичка попреченост.


Процесот на вработување ќе трае 18 месеци, по што агенцијата ќе ги одбере астронаутите. Досега лицата со физичка попреченост не можеле да се пријавуваат на ваквите повици поради барањата за физичка подготвеност.


- Претставувањето на сите делови од општеството е нешто што треба сериозно да се земе предвид. Разновидноста во ЕСА не треба да биде само за потеклото, возраста или полот на нашите астронаути, туку можеби и за физичките попречености - изјавил Дејвид Паркер, директор за човечко и роботско истражување во ЕСА.

Треба да се гледа со поширок спектар од порано доколку сакаме да стигнеме подалеку, додал тој.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Фото: ESA