„Фавипиравир“ е ефикасен лек против коронавирус, тврдат кинеските научници

„Фавипиравир“ е ефикасен лек против коронавирус, тврдат кинеските научници

Лекот против грип „фавипиравир“ (познат и како „авиган“) се покажал клинички ефикасен при лекување заболени од новиот вид коронавирус, соопшти шефот на Центарот за биотехнологии на кинеското министерство за наука и техника, Чан Синмин.

- „Фавипиравир“ веќе ги мина клиничките тестови, кои покажаа добра ефикасност во лекувањето на коронавирусот. Пациентите третирани со овој лек побрзо се излекувале, а состојбата на нивните бели дробови е обновена значително побрзо отколку кај другите - истакна тој.

Лекот е одобрен за продажба во Јапонија во 2014 година и до овој момент нема податоци за никакви нуспојави.

Кај пациентите третирани со „фавипиравир“ негативните тестови на коронавирус се добиени уште на четвртиот ден од почетокот на лекувањето, додека кај другите биле неопходни просечно околу 11 дена. Се забележувало и значително подобра состојба на белите дробови кај сите пациенти третирани со лекот.

Покажувајќи ги безбедноста, ефикасноста и достапноста на лекот, истражувачите и официјално им го препорачуваат на лекарите лекот „фавипиравир“ и предлагаат тој да се вклучи колку што е можно поскоро во лекувањето на заразените со коронавирус, се наведува во соопштението.

„Фавипиравир“ го изработила јапонска корпорација за лекување од грип. Претходно тој е ефикасно користен и во борбата со ебола.

Извор: МИА