Бенкси со нова „улична уметност“, но од неговата бања бидејќи е во карантин

Бенкси со нова „улична уметност“, но од неговата бања бидејќи е во карантин

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Замислете да сте уличен уметник и наеднаш да се најдете во карантин. Да, станува збор за Бенкси - и тој, како и третина од населението во светот, останува дома.

Кога урбаните простори и бетонските платна веќе не се опција, уметникот најде домашна алтернатива за да ја покаже својата вештина. Бањата и не звучи како најинспиративното место, но Бенкси го покажува токму спротивното. На 15 април Бенкси објави неколку слики на кои рачно нацртани стаорци ја растураат неговата бања. Насловот на неговиот инстаграм-пост гласи: - Мојата сопруга мрази кога работам од дома.

View this post on Instagram

. . My wife hates it when I work from home.

A post shared by Banksy (@banksy) on


1

2

3

4

5

6

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram

1