Механизмот од Антикитера - првиот аналоген компјутер во светот од Античка Грција
Од „ТЕД-Ед“ презентираат анимиран вовед во „Механизмот од Антикитера“, антички грчки уред кој датира од 2 век пр.н.е.
Во 1900 година грчки нуркачи открија потонат брод стар 2.000 години. Меѓу остатоците имаше фрагменти од искривено дрво и кородиран метал, за кои археолозите набрзо сфатија дека се делови од најстариот уред со менувач што некогаш е откриен - и првиот компјутер на човештвото. Па, како функционирал?
Механизмот од Антикитера е првиот пример за аналоген компјутер. Античките грчки астрономи го користеле уредот за да си ги олеснат пресметките за предвидување соларни еклипси, месечеви фази и слично.
Во видеото, научниот новинар Макс Г. Леви објаснува како функционира „Механизмот од Антикитера“ и како Грците го користеле уредот.
Извор: openculture.com
Фото: YouTube screenshot