Денеска во Македонија има 8 оздравени пациенти, 25 новозаразени

Денеска во Македонија има 8 оздравени пациенти, 25 новозаразени

Министерството за здравство соопшти дека денеска имаме 8 оздравени пациенти, 7 во Скопје и 1 во Прилеп, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19. Денеска починале тројца пациенти, жена од Куманово која имала 60 години, пациент од Струга кој имал 59 години и пациент од Скопје на 51-годишна возраст. 
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:

Скопје-16
Тетово- 4
Струга-1
Велес- 2
Охрид- 2

- Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид-19 – велат од МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.