Неуредните луѓе се покреативни и пофлексибилни - еве зошто

Неуредните луѓе се покреативни и пофлексибилни - еве зошто

Подготвил: Тамара Гроздановски

Познато е дека чистењето има позитивен ефект врз нашето здравје. На пример, може да помогне да го намали стресот и може да се смета за еден вид физичка вежба. Но, излегува дека нередот има и свои предности, а тоа може да има позитивен ефект врз вашата личност.

Неуредна просторија може да им помогне на луѓето да излезат од општествените норми и да се релаксираат. Според истражување од 2013 година, луѓето може да добијат покреативни идеи доколку престојуваат во неуредна просторија. Тие се подготвени да пробаат нови работи и се отворени кон иновации.

Невозможно е да се одржува ред секоја секунда од денот. И луѓето кои се стремат кон ова може да искусат нешто што се нарекува компулсивно чистење. Оние кои посветуваат помалку време и внимание на чистењето може да бидат порелаксирани и не многу склони да чувствуваат иритација кога ќе видат неред. Исто така, оние на кои не им пречи нередот, заштедуваат повеќе време. Во потрага по организација и беспрекорен ред, луѓето поминуваат многу часови и многу напор за да ги стават работите на соодветното место и да го исчистат секое ќоше. Нередот им помага на луѓето да посветат повеќе време и енергија на она што ги интересира.

За луѓето полесно е во нередот да го најдат она што им е потребно. Потребно е работите секогаш да се при рака, а не ставени во далечна фиока. Неуредната маса може да нервира, но личноста која е навикната на неа знае точни каде се работите и се сигурни дека таму ќе го најдат она што го бараат.

Луѓето кои се обидуваат да организираат сè се помалку подготвени за неочекувани нешта. Нашиот живот е полн со вакви ситуации и нередот секогаш се враќа. Затоа, оние кои повеќе сакаат неред, не се толку изненадени од животот доколку не се случува сè според планот.

Секако, ова не значи дека треба да се откажете од чистењето туку укажува на тоа дека не треба да бидете толку строги со себеси кога станува збор за чистење и од време на време да си дозволите себеси да седнете на неуредна маса во неуредна просторија.