Најдобрите фотографии од птичја перспектива од натпреварот #Aerial2020

Најдобрите фотографии од птичја перспектива од натпреварот #Aerial2020

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Од раздвижен град до неверојатни природни предели, победничките фотографии од натпреварот #Aerial2020 прикажуваат некои од најубавите дестинации во светот од птичја перспектива.

За победник беше прогласен холандскиот фотограф @by_ewold, кој освои 1.000 долари за неговата фотографија „Магично утро во Холандија“.

Најновиот натпревар на „Агора“ ја покани глобалната заедница на фотографи да учествуваат со нивните најдобри фотографии од птичја перспектива. Како резултат, 9.018 фотографии ги прикажуваат најубавите пејзажи на Земјата.

Агора“ е мобилна апликација каде што фотографите, без разлика дали се аматери или професионалци, можат да учествуваат на фотонатпревари со шанса да освојат меѓународно признание и парични награди. Глобалниот систем на апликацијата ѝ овозможува на публиката да гласа и да ги избере најдобрите фотографии.


Извор: Bored Panda
Фото: Agoraimages.com